Фондацијата за многудетни семејства „Свети Никола“

„Свети Никола“ е името на фондацијата за многудетни семејства која денеска ја формираа членовите на Светскиот македонски конгрес (СМК) на годинешното собрание.

Според лидерот на СМК, Тодор Петров, токму името на светецот Свети Никола е одбран како патрон на новата фондација, бидејќи станува збор за светец кој е заштитник на децата.

– Веруваме дека судот на јавноста ќе оцени дали фондацијата работи според целите и задачите за кои што е формирана. Ние во тоа не се сомневаме. Очекуваме прилив на средства, а по објавата на јавниот повик за заинтересирани очекуваме и голем број Македонци кои ќе ги користат донациите од оваа фондација – истакна Петров.

Цел на фондацијата е афирмација на бракот и семејството, а според најавите, еден од членовите на одборот има повеќе од 10 деца, а членовите на управниот одбор ќе имаат повеќе од три деца, додека пари ќе се собираат и со телефонски јавувања.

– Македонија се соочува со проблемот на емиграција со децении наназад, а апелот како и многупати досега така и на ова Генерално собрание, е репатријација, враќање на родните огништа, а до власта да создаде услови за живот и работа во Македонија – рече Петров.