Министерот за финансии на Косово, Бесим Беќај, истакнал дека Фондот за северно Косово е формиран и ќе биде разгледан според косовските закони, пренесе српската агенција „Бета“.
Во изјавата за Радио Косово, Беќај изјави дека во буџетот за следната година не се предвидени дополнителни средства, освен оние од царината и даноците на граничните премини.
„Фондот е формиран согласно законите за Косово. Средствата за него прво ќе влезат во државниот буџет“, изјавил Беќај.