Фонсека го презеде Милан

  • Португалскиот фудбалски стручњак Пауло Фонсека (51) во четвртокот официјално стана тренер на италијанскиот вицешампион Милан.

Фонсека на клупата на „црно-црвените“ го наследи Стефано Пиоли, кој на таа позиција беше од октомври 2019 година, а пред две години ја освои шампионската титула.

За Фонсека, кој во изминатите две години го водеше францускиот тим Лил, со кој го освои четвртото место во штотуку завршената сезона, ова е враќање во Италија. Претходно во кариерата ја водеше Рома, чиј тренер беше од јуни 2019 до јуни 2021 година.

Претходно, од 2016 до 2019 година, Фонсека беше на клупата на Шахтјор Доњецк, со кој освои три шампионски титули на Украина, додека во татковината ги тренираше и Порто и Брага.