
Форбс ја објави листата на 20-те најбогати луѓе во светот. Според годишното рангирање на милијардерите, нивниот број годинава се намалил, а најголем губитник е Карлос Слим.
Богатството на 20 те најбогати луѓе на планетата годинава паднало за повеќе од 70 милијарди долари што се должи на падот на глобалните финансиски пазари.
Според последното годишно рангирање на „Форбс“, падот на цените на акциите, драматичниот пад на цената на нафтата и несигурните валути ја потресоа глобалната елита.

Богатството на 20-те најбогати годнава паднало на 827 милијарди долари во споредба со минатата година кога изнесуваше 899 милијарди долари, а бројот на милијардери паднал од 1.826 на 1.810 лица. Ова е прв пат во седум години бројот на милијардери да се намали, и исто така е прв пат да биде забележано и намалување на богатството по 2012-тата година.
Но, повеќе од една третина од тие 70 милијарди долари загуба е само од еден човек: Карлос Слим. Богатството на мексиканскиот телекомуникациски тајкун се намалило од 77, 1 милијарди на само 50 милијарди долари за 12 мецеси. Акциите во неговата банка, Групо Финансиеро Инбурса, телеком компанијата Америка Мовил и рударската група Минера Фриско забележаа големи падови.
Како резултат на ова Слим веќе не е втор најбогат човек во светот – туку одвај се држи на 4-тото место.