Форца Италија: Силвио Берлускони нема да се кандидира за претседател

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) одлучил да не се кандидира за претседател, изјавил за Ројтерс извор од неговата партија Форца Италија.

Состанокот на италијанските партии од десниот центар пред изборите се уште е во тек, објави Ројтерс.

Изборот на нов претседател на Италија би можел да има големи последици за иднината на владата на премиерот Марио Драги, кој се обидува да го спречи бранот зараза со Ковид-19, оценува агенцијата.