„Форд Фиеста“ заминува во историјата по 47 години

Последниот примерок од автомобилот од моделот „Форд Фиеста“ ќе биде произведен во петокот, 7-ми јули 2023 година, во фабриката на американскиот производител „Ford“ во гераманскиот град Келн.

Од 1976 година произведен се околу 20 милиони примероци од овој модел, речиси половината од нив во Германија, прво во Сарлуј во близина на границата со Франција а потоа во Келн.

„Успешната приказна на Фиеста е далеку од крајот“, објави компанијата во 2016 година, на 40-годишнината од појавата на овој модел. Меѓутоа, нејзиното време сепак измина.

„Ова е пресвртничкиот момент за Форд. Стариот Форд ја напушта Европа и пристигнува новиот, електричен Форд“, изјави стручњакот за индиструја Фердинанд Дуденхофер.

Споменатата автомобилска компанија во моментов инвестира речиси две милијарди евра во фабриката во Келн за нејзина пренамена во погон за производство на електрични автомобили. Првите такви примероци ќе бидат прикажани веќе кон крајот на годинава.

„Форд Фиеста“ беше особено популарна во јужните европски земји, како Италија и Грција, вели Дуденхофер. Нејзината продажба била најголема на почетокот од 1990-те години, по што популарноста на овој модел опаѓа.

Дуденхофер се сомнева дали „Ford“ со некој друг модел на автомобил ќе игра толку голема улога во автомобилската индустрија како со „Фиеста“.

„Преминувањето на електрични автомобили ќе претставува огромен потфат…“ за Ford, заклучува стручњакот.