![amerikanski krstosuvac](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/amerikanski-krstosuvac.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Доколку американскиот претеседател Доналд Трамп одлучи да употреби сила во Сирија како одговор на наводниот хемиски напад во градот Дума, Вашингтон ќе биде принуден да нанесе многу помоќен удар отколку пред една година, смета експертот на Центарот за нова американска безбедност, Николас Герас.
Американскиот претседател Доналд Трамп вети во понеделникот дека во рок од 48 часа ќе донесе „важни одлуки“ за Сирија поради наводниот хемиски напад врз градот Дума во кој преостанаа помал број борци на исламистичката групација Џаиш ал-Ислам. Американскиот министер за одрана Џим Матис, исто така, врши притисок. „Во овој момент не исклучувам ништо“, изјави шефот на Пентагон.
„Тоа беше свирепо, страшно“, критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, зборувајќи за наводниот напад со „отровни гасови“ во саботата во Дума, последното упориште на исламистите на работ од сириската престолнина Дамаск, кој Западот како и пред пет години без јасни докази го припишува на силите на претседателот Башар ал-Асад, кои инаку од пред два дена продреа во градот. „Тоа не може да се толерира“, додаде Трамп ветувајќи дека ќе донесе „важни одлуки“ во следните 24 до 48 часа“, откако веќе ги предупреди сириската влада и нејзините сојузници Русија и Техеран дека би можеле „да платат висока цена“ поради тоа.
Во написот објавен во Foreign Policy, експертот Николас Герас забележува дека минатогодишните американски ракетни напади врз воздухопловната база Шајрат не ги постигнале целите, односно дека сириските авиони продолжиле да летаат од аеродромот само неколку часа по нападот. Покрај тоа, како што смета Герас, „резервите од хемиско оружје“ на Дамаск останале недопрени и владините сили продолжиле да го користат.
„За да му нанесат значителна штета на Башар ал-Асад и за да се даде значање на предупредувањето дадено од Трамп, САД ќе мора да нападнат повеќе цели. На тој начин за да ги поткопаат воените капацитети на сириската армија“, пишува Герас.
Според експертот, цели на нападот може да бидат воените објекти, како на истокот, така и на западот од Сирија.
Претходно во вторникот изданието Washington Examiner, повикувајќи се на извори во Пентагон, објави дека американскиот ракетен разурнувач „USS Donald Cook“ во понеделникот го напуштик пристаништетот во Кипар и се упатил кон Сирија. Во извештајот се истакнува дека беродот е опремен со 60 крстосувачко ракети „Томахавк“.
Во јануари 2016 година Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) објави дека по контролите од нејзините експерти е утврдено дека е целосно отстрането хемиското оружје од Сирија. Официдијален Дамаск, тврди дека откако во 2014-та му се приклучи на Договорот за забрана на хемиското оружје ги предал сите резерви и дека никогаш во седумгодишната војна не употребил ваков вид оружје, иако неколкупати претходно беше обвинуван.
Интересно е тшо Генералштабот на Русија чии војски се присутни на теренот уште на 13-ти март објави дека исламистичките бунтовници во Источна Гута коишто се пред целосен пораз се подготвени да исценираат употреба на хемиско оружје. Руската војска тогаш, исто така, го изрази своето сомневање дека оваа провокација САД потоа ќе ја искористат како извоговр за напад врз Сирија.