Формализрана истрагата за импичмент на претседателот Бајден

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во средата гласаше за официјализирање на истрагата за отповикување од должноста на претседателот Џо Бајден, пренесува Reuters.

За одобрување на истрагата гласаа 221 претставник, против беа 212. Домот, кој вообичаено е под контрола на републиканците, истражува дали Бајден имал полза од надворешните работи на неговиот 53-годишен син Хантер Бајден, неколку часа откако помладиот Бајден ја одби поканата да сведочи зад затворени врати.

Републиканците, исто такам тврдат дека Бајден и неговото семејство имале голема материјална полза од одлуките во кои Бајден постариот учествувал додека беше во два мандата потпретседател на САД, од 2009 до 2017 година.

Белата куќа ја отфрли истрагата како неоснована и политички мотивирана. Бајден се подготвува за можен реизбор на изборите во 2024 година со неговиот републикански претходник, Доналд Трамп. Трамп е првиот претседател во историјата на САД против кого демократите на Бајден несупешно двапати поведоа постапки за отповикување и моментално се подготвува за четири кривични судења, за кои вели дека се исклучиво политичко мотивирани со цел да го спречат да учествува на претседателските избори следната година во моментите кога има значитечна преднос и на републиканските внатрешни избори и во анкетите споредено со Бајден.