
Клубот се формира во рамките на институција која е бренд за коморско организирање во Република Македонија,но и пошироко. Стопанската комора на Македонија освен што е најбројна и најмоќна коморска институција во Република Македонија со членки од големите компании, во својот профил на членство има огромен број на мали и средни претпријатија.
Со Клубот се креира нова алатка која ќе ги поврзе сите бенефити на едно место и ќе понуди и нови услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери од Европа, учество на едукативни настани со врвни предавачи од земјата и од странство и експерти од компаниите, користење на арбитражата за решавање на стопанските спорови и брза наплата на ненаплатените побарувања, давање правна поддршка и консултантски услуги, давање стручни анализи од реномирани домашни и меѓународни центри за истражување и сл.
Клубот на менаџери-претприемачи при Стопанската комора на Македонија претставува ексклузивна можност за интегрирање во мрежа на мали и средни компании кои заедно растат, постојано се едуцираат и постигнуваат успех преку искористување на сите поволности од програмата на Клубот и институциите кои се вклучени во истиот.