Правилото во Формула 1 според кое се доделува бод за најбрзиот круг на трката ако возачот биде меѓу првите десет од наредната сезона нема да важи.
Оваа одлука беше донесена на Светскиот совет за моторни спортови одржан во четвртокот кој одлучи да се даде и повеќе простор на младите возачи на тренинзите.
Правилото за дополнителен поен во Формула 1 постои од 2019 година, а беше воведено со цел да се даде дополнителен поттик на возачите во топ 10.
Ваквото правило доведе и до стратегии на одредени тимови кои се обидуваа да одземат дополнителен бод на ривалите.