Формула 1 објави дека во сезоната 2022, ќе има три спринт трки, а новина е дека поени ќе добиваат осумте најдобри на овие саботни трки на кои ќе се одредува редоследот по кој ќе стартуваат пилотите на неделните трки.
Годинава спринт трки од по 100 километри кои траат од 25 до 30 минути, ќе има во Австрија, Бразил, и на патеката Имола каде ќе се вози големата награда на Емилија Ромања.
Во 2021 година, поени од спринт трките добиваа само првите тројца. Победата на спринтот вредеше три поени, а сега за прво место ќе се добиваат осум поени.