Формула 1: Саинц најбрз на првиот слободен тренинг во Монако

Шпанецот Карлос Саинц од тимот на Ферари беше најбрз во петокот на првиот слободен тренинг за Големата награда на Монако, шестата трка од Светскиот шампионат во Формула 1.

Шпанецот го извозе најбрзиот круг на уличната патека за 1:13,372 минути, додека неговиот сонародник Фернандо Алонсо во болидот на Астон Мартин заврши втор со 0,338 секунди послабо време. Трет беше седумкратниот светски шампион Британецот Луис Хамилтон во Мерцедес, со 0,663 секунди заостанување.

Актуелниот лидер во првенството Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул беше шести.

Вториот слободен тренинг се вози денеска од 17:00 часот, а трката за Големата награда на Монако е закажана за в недела