Водечката екипа во германското фудбалско првенство Борусија Дортмунд во вторникот во средбата од 16-то коло го претрпи првиот пораз сезонава, откако загуби на гостувањето кај Фортуна од Диселдорф со 1:2 (0.1).
Головите за Фортуна, којашто дури по 22 години успеа да врзе две последователни победи во најсилната германска лига, ги постигнаа Лукебакио во 23 и Цимер во 56 минута, додека повторно стрелец за Борусија беше Пако Алкасер, во 87 минута. Шпанскиот напаѓач ова лето дојде од Барселона и во 12 натпревари постигна 13 голови, иако главно во игра влегуваше како резервен играч.
Поразот на екипата од Диселдорф го искористи истоимениот тим Борусија Менхенгладлбах, кој на сво терен со 2:0 (0:0) го совлада Нирнберг, и така го намали заостанувањето на шест бодови. Стрелци беа помладиот Азар во 47 и Плеа во 86 минута.
Борусија Дортмунд сега има 39, Борусија Менхенгладбах 33 бодови, а трет е актуелниот шампион минхенски Баерн со 30 бодови, а во среда гра со РБ Лајпциг кој е место подолу на табелата со 28 бодови. Фортуна сега се искачи на 15-то место со 15 бодови, еден повеќе од 16-от Штутгарт кој загуби од шестиот со 25 бодови Волгсбург со 0:2.
Берлинска Херта моментално е седма со 24 бодови, откако вечерва дома одигра 2:2 со Аугсбург кој се одржува на 13-то место со 15 бодови.
Во среда играат: Шалке – Баер, Баерн – Лајпци, Вердер – Хофенхајм, Фрајбург 0 Хановер и Мајнц – Ајнтрахт.