Форумот на жени при Либерално-демократската партија, овој викенд, од 7ми до 9-ти јули, со поддршка на германската фондација “Фридрих Науман“, одржа семинар насловен како „Зајакнување на либералните политики во Македонија“.
На семинарот учествуваа членките на форумот од повеќе општински организации во Македонија. Во рамки на темите на семинарот посебен акцент беше ставен на актуелната политичка состојба во државата, улогата на жените во креирањето и реализацијата на политиките на ЛДП, како и на јакнење и промоција на либерални принципи во државата. Модератори на семинарот беа Претседателот на Академијата на Хрватска Народна Странка (ХНС), Борис Блажековиќ, координаторот за Бугарија и Македонија на Фондацијата “Фридрих Науман“, Ивајло Цонев и претседателката на Форумот на жени и пратеник во Собранието на РМ, Јулиана Николова.
Присутните на семинарот ги поздравија и им се обратија, Претседателот на ЛДП и пратеник во македонското Собрание, Горан Милевски и Потпретседателот и Министер од ЛДП, Зоран Шапуриќ.
Овој семинар е дел од редовната соработка помеѓу Форумот на жени, ЛДП и фoндацијата “Фридрих Науман“.