Пред 76 милиони години, едно од најголемите летечки суштества во историјата на Земјата, наречено Cryodrakon boreas, одел по брегот на река што тече низ бујна долина и го спуштил својот беззабен клун за да пие вода, несвесен за опасноста што го демне, кога одеднаш од водата изнуркал крокодил и ги зарил своите забите во вратот на овој птеросаурус.
Тоа била сцена од борбата на живот и смрт во времето на периодот Креда во областа што сега е канадска провинција Алберта. Во сушните лоши предели на Паркот на диносаурусите во Алберта, научниците ја откопале фосилизираната коска од вратот на млад криодракон, вид летечки рептил познат како птеросаурус, кој можеби исчезнал токму на таков начин.
Фосилот, испитан под микроскоп и снимен со микро КТ уред, открил конусна дупка од 4 милиметри што одговара на отпечатокот од заб на крокодил. Криодаконите бил плен на крокодили и тие биле ловени живи, а и нивните останки бивале целосно изедени.
Возрасните птеросауруси, чиешто научно име значи „студен змеј на северниот ветер“ – алузија на денешната студена клима во Алберта, имале распон на крилјата од 10 метри и биле високи како жирафите кога стојат. Распонот на крилата на младиот бил околу два метра. За време на периодот Креда, областа на денешна Алберта била топла, влажна и рамна, прекрстена со големи реки.
Издолжената вратна коска, од која две третини се комплетни, е долга 58 мм. Коската е многу тенка, а нејзиниот надворешен слој е потенок од кредитна картичка.
„Повеќето крокодили се хранат на површината на водата и се предатори од заседа. Се верува дека многу видови птеросауруси биле врзани за вода, а со оглед на она што го откривме, тоа била заседа“, вели палеонтологот Кејлеб Браун од Палеонтолошкото друштво на Њујорк на Кралскиот музеј Тајрел во Алберта и главен автор на студијата објавена во научното списание Јournal of Paleontology.
Денешните крокодили се и активни предатори и чистачи.
„Cryodrakon бил ривал на Quetzalcoatlus, кој исто така ја населувал Северна Америка во тоа време и бил најголемиот од птеросаурусите, роднини на диносаурусите. И двата вида припаѓаат на фамилијата Azharchidae, имаа големи глави со огромен клун без заби, долг врат и кратки опашки“, се наведува во студијата.
Убодната рана на вратот на младиот криодракон не се совпаѓа со обликот на забите на грабливи диносауруси кои талкале во областа пред околу 76 милиони години, како што се роднините на тираносаурусите горгосаурус и дасплетосаурус. Но, тоа одговара на обликот на забите на крокодилите, вклучувајќи го и околу 3,5 метри долгиот Leidyosuchus и помалиот Albertochamps.
И покрај нивната понекогаш гигантска величина, помалку се знае за птеросаурусите отколку за диносаурусите поради нивните многу тенки и кршливи коски, што ги прави помалку зачувани како фосили.