Научниците на Нов Зеланд пронашле останки од џиновски папагал во фосилизирана форма, кој бил долг речиси еден метари и тежел до седум килограми, а живеел пред 19 милиони години, покажува истражувањето чии резултати се објавени во научното списание Biology Letters of Royal Society.
Меѓународниот тим палеонтолози папаголот, поради негвоата големина и сила, го нарекле по митскиот јунак Херкул. Нов Зеланд, инаку, е познат по големи птици, потсети во средата вонредниот професор на Универзитетот Флиндерс, Тревор Ворти.
„Во птичјата фауна некогаш не доминирала само тешконогата моа, ендемска изумрена птица која не летала од семејството моа (Pachyornis elephantopus) која можела да достигне во височина 3,6 метри, туку во шумите живеел и други големи птици како што е Aptornis otidiformis од семејството на ждраловите, а на небото царувал гигантски орел“, вели професорот додавајќи дека досега никој никаде на светот не промашил останки од изумрените гигантски папагали.
Палеонтолозите од суднејскиот универзитет Флиндерс и новозеландскиот музеј Кантербери птицата ја нарекле Heracles inexpectatus поради нејината митска херкулова големина и сила, како и поради неочекуваното откритие. Новотриенито вид папагал е пронајден меѓу госили стари 19 милиони години, недалеку од древниот рударски град Сент Батенс, на југот од Нов Зеланд, подрачје на коешто научниците веќе 20 години истражуваат фосилни седименти.
„Херкул, според нашите сегашни сознанија, без сомнение е најголемиот папагал кој некогаш постоел. Со својот голем клун веројатно може да смачка сѐ што ќе посакал, а претпоставуваме и дека не ја јадел вообичаената храна на папагалит, како и дека можеби се гоштевал и со други помалу папагал“, вели професорот Мајк Арчер од Центарот за истражувае на сиднејската Палеонтолошка, геобиолошка и геолошка архива PANGEA.
„Многу е веројатно дека ваквата птица била во горниот дел од синџирот на исхраната, односно дека припаѓала на неговиот трет рофички степен кој го сочинуваат месојадните како секундарни пиоторшувачи“, вели Арчер, додавајќи дека верува оти и тој колегите на истото наоѓалиште ќе најдат многу други неочекувани животински видови.