Владата ќе потроши 300.000 евра за рекламна кампања за вакцинација против Ковид- 19.
После година ипол од почетокот на епидемијата, Владата од вчера започна национална кампања за вакцинација, која чини 300.000 евра, а според најавите целта е да се информираат граѓаните за придобивките од вакцината, но и борба против лажните вести и антиваксерските движења.
На сајтот на Бирото за јавни набавки е објавена оваа маратонска сума за кампањата „Вакцинирај се“, за која граѓаните веќе реагираат дека е бесмислена и задоцнета и дека ова е неразумно трошење на народните пари.
Она што ја прави уште по скандалозна самата кампања е фактот што владата и министерстото користат фотографии кои што се искористени безброј пати.
Местото на учениците е во училишните клупи. За среќни и безгрижни училишни денови! За моментите на среќа! #ВакцинирајСе, пишува филишче во објавата.
Па така доколку се пребара по Интернет, токму фотографијата на министерот Филипче е искористена од голем број на сајтови.
Она што е најинтересно во целата ситуација е фактот што истите фотографии од оваа владина кампања можат да се најдат на веб страницата на Шутерсток, и истите можат да се купат за смешна сума.
За да ги користите услугите на оваа фотосервис интернет платформа (Шутерсток), единствено е што треба да се претплатите на истата, а месечната претплата е 199 долари, и нивните фотографии можете да ги користите цело врме без никаква забрана.
Тргнувајќи од оваа причина, кампањата на владата сама по себе е скандалозна, бидејќи освен некој што дебело ќе се офајди, се користат фотографии од интернет платформи кои што чинат илијадници пати помалку, односно за само 200 долари месечна претплата може да се направи цела кампања.