Пејачката на својот Инстаграм објави серија фотографии од венчавката на кошаркарот на НБА, Ентони Дејвис, што се одржа викендов, а на која што беше со Рич.
Таа само додаде емотикон со срце на објавата.
Бројни обожаватели испратија комплименти за изгледот на Адел.
„Убава“, „Најубава досега“, „Убава како и секогаш“, „Каква жена“, „Прекрасна двојка“, „Најубав пар“, напишаа тие, а објавата собра над три милиони лајкови.
Многумина исто така беа заинтересирани кога Адел ќе објави нов албум.
„Кога излегува новиот албум?“, „Супер е што најдовте момче, дајте ми сега нов албум?“, „Ве молам, објавете нов албум“, се само некои од стотиците коментари, но пејачката не одговори на нив.