Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ имаат своја јахта, која според медиумите чини околу 6.000.000 евра.
И иако многу зборуваше за неа, самата пејачка открива дека има шест спални соби, но досега не покажала како изгледа целиот брод. Таа објави фотографија пред јахтата со пријателите и членовите на семејството, а потоа напиша дека ужива на одмор кој и бил многу важен.
Досега јахтата можевме да ја видиме само однадвор, а нејзината пријателка Мирјана Антоновиќ на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографии од тоа како изгледа јахтата однатре.
“Неколку слики од јахтата на Брена и Боба. Штета што бев малку болна, па не можев целосно да уживам”, напишала Мирјана, покажувајќи го целиот луксуз.
Една од спалните дури има и сопствена бања, и секој детал бил земен во предвид, па и крпите се брендирани.
– Па, тоа е убав брод на околу 100 фити, со пет, шест спални соби. Тоа не беше подарок само за нашите души. Сакавме да си дозволиме нешто бидејќи тоа беше специфична ситуација – рече Брена.
– Не можевме да се дружиме, можевме само да пловиме. Така, имав барем една година пауза и одмор за да поминам низ она што навистина го сакав цел живот, да пловам и да бидам на вода. Ги сакам морето и водата. Сакам и чамци исто така. Се разбира, не успеав да посетам се` што сакав – изјавила Брена во претходно интервју.