
Автомобил „алфа ромео“ вечерва заврши во жардоњерата меѓу двете коловозни ленти на булеварот „Илинденска“ во висина на гимназијата „Орце Николов“.
Од фотографиите кои ги испратија читатели на НетПрес, се забележува дека возилото од засега непознати причини се извртело на коловозот и во прв момент несфатливо „успело“ со предниот дел да се искачи на препреката. Притоа, соборено е едно дрво.
Засега нема информации на потешко настрадани, и се очекува полициска увидна екипа.
Вечерва во Скопје коловизите се влажни и во одредени делови од градот има појава на магла, па потребно е внимателно возење и прилагодување на брзината на условите на патот.