Ледено доба во САД, во последните неколку дена измерени рекордни – 30 степени.
Според американските метеоролози, причината за овој пад на температурата е ветрот кој доаѓа заедно со студениот бран. Метеролозите оваа појава ја нарекоа поларен вортекс и од неа се погодени 190 милиони Американци.
Според Би-Би-Си, во западните краишта биле измерени -26 степени, што значи дека надвор било поладно отколку во замрзнувач.
Рекордно ниско температури биле измерени низ цела Америка, како Албама, Џорџија, Тенеси, Арканзас, Мичиген, Мериленд, Охајо, Пенсилванија и Њујорк.
Најниска температура била измерена вчера во Мичиген, дури 37 степени под нулата.
Во текот на невремето, за кое што метеоролозите велат дека не е толку невообичаено, сите американски сојузни држави забележале ниски температури, вклучувајќи ги и Хаваите, каде се забележани минус осум степени на врвот на неактивниот вулкан Мауна Кеа.
Вчерашниот ден во Њујорк е прогласен за еден од најстудените во историјата. По 118 години температурата во Централ Парк се спушти на само пет степени, последен пат, во 1896 година беа измерени шест степени. Велат дека вчера на Менхетен било постудено отколку на Аљаска.
Невремето проследено со мраз и екстремно ниски температури во САД предизвика смрт кај најмалку 21 лице, пренесе Би-Би-Си.
Во сојузната држава Илиноис починаа седум лица, во Индијана шест, а најмалку пет лица починале како последица од замор додека чистеле снег, а неколку жртви се идентификувани како бездомници кои одбиле да одат во засолниште или не стигнале навреме да се засолнат.
Лекарите ги предупредуваат граѓаните да не излегуваат надвор ако немаат потреба, училиштата се затворени, а во сообраќајот се случува вистински хаос.
Во Кентаки, избеган затвореник сам се пред на полицијата, само за да го избегне студот.
Метеоролозите велат дека во Америка е поладно отколку на Марс.