![DSC_6618](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/08/DSC_6618.jpg?resize=696%2C461&ssl=1)
Ана Јанкуловска од Битола го освои првото место на трката на штикли на Широк Сокак која синоќа се одржа во Битола, во организација на МКЦ Битола во рамките на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2014.
Александра Саботковска од Битола го освои второто место, а трета на целта стигна Маја Апостолова од Скопје.
Манифестацијата Трка на штикли на Широк сокак се организира по трет пат, по успешниот старт во 2008 година.
Водител на манифестацијата беше Игор Џамбазов, а регуларноста на трката ја следеше трочлено жири во состав на јавни личности. Настанот беше исполнет и со богата музичка програма.
Во трката на штикли на Широк сокак традиционално учествуваа девојки од цела Македонија кои се натпреваруваа во две полуфинални трки и една финална трка, а годинава на стартот застанаа и познати манакенки.
Заради поширока промоција на трката на штикли за сите натпреварувачи беа обезбедени вредни награди.
Трката на штикли во Битола се организира по примерот на повеќе европски градови, како што се трките кои се организираат на улиците “Кнез Михајлова” во Белград и “Страдун” во Дубровник.