
Ангелот на „Викторија сикрет“, Елса Хоск, одлучила да го привлече вниманието за време на ревијата, така што позирала гола.
Хоск се фотографирала гола во ходникот пред ревијата, а фотографиите ги објавила на Инстаграм. Манекенката своите стратешки делови ги покрила со завесата која и била при рака.
На сличен начин вниманието го привлече уште еден ангел на Викторија, Стела Максвел, која позирала гола додека ја чекала пробата.