(ФОТО) Ангеловски со една промена во составот против Украина

Македонскиот селектор Игор Ангеловски направи само една промена од стартните 11 кои дебитираа на Европското првенство, па за денешниот втор меч против Украина, кој стартува за нешто повеќе од еден час, го стави Стефан Спировски на местото на Александар Трајковски.

Од тоа што го избра Ангеловски за очекување на Македонија да игра со два блока а внесувањето на Спировски е да се засили првиот блок и да се избегне сценариото со Австрија преголем притисок на дефанзивниот ред. Стефан Ристовски останува на десен стопер, а Бобан Николов повторно ќе „глуми“ десен бек.

Со оваа формација за очекување е Енис Барди да добие поофанзивна улога, а Елиф Елмас да му биде партнер на Горан Пандев во нападот.