ФОТО| Арсовска официјално ја презеде градоначалничката функција на Град Скопје

Данела Арсовска од понеделникот и официјално е новиот градоначалник на Скопје и прва жена која ќе го раководи главниот град од осамостојувањето на Македонија.

На октомвриските локални избори, Арсовска како независен кандидат победи со 28.130 гласа предност пред досегашниот градоначалник Петре Шилегов.