(ФОТО) Артефакти од времето на Исус најдени во Ерусалим

Фото : Israel Antiquities Authority/Yaniv Berman

Во областа на Гетсиманската градина во Ерусалим, археолозите откриле миква, резервоар за вода за ритуалното измивање од гревовите, кој датира од пред околу две илјади години, соопшти во петокот израелското министерство за туризам.

Користењето на миквата (миквех), според христијанската традиција, се однесува на престојот на Исус Христос во Ерусалим.

Недалеку од неа биле откриени и останки од храм од византискиот период. Според научниците, тој бил подигнат во VI век по Христа, и во него се служело околу двесте години.

Артефактите се пронајдени за време на градежни работи на подигање центар при Црквата на сите нации и подеземен тунел кој ја поврзува со Кедронската долина.

Црквата на сите нации, сега римокатоличка црква изградена меѓу 1919 и 1924 година, е подигната на местото, каде што според Светото писмо, Исус Христос се молел вечерта пред да биде уапсен.