Тениската светка суперѕвезда, Србинот Новак Ѓоковиќ, се качи во неделата во авионот за да замине од Австралија, откако тамошниот Сојузен суд ја потврди владината одлука за укинување на неговата влезна виза со обрзложување дека неговата одлука да не се вакцинира против Covid-19 наводно би претставувала опасност за земјата.
Едногласната одлука на тричлениот судски совет стави крај, се чини, на надежите дека Ѓоковиќ уште на почетокот од годината ќе стаса до рекордниот 21 трофеј од грен-слем турнирите како и до рекордната десетта титула на Австралија Опен поради кој и допатува во Мелбурн.
Ѓоковиќ во неделата вечерта во Мелбурн се качил на летот на компанијата „Emirates“ за Дубаи, само неколку часа по пресудата, без да го чека евентаулниот нов потег на неговите адвокати, изјавиле очевидци за медиумите. Авионот полетал, малку по 22,30 часто по локално или 12,.30 часот по средноевропско време.
Со овој лет завршува, се чини, сагата започната откако Ѓоковиќ по покана на органзиаторите на Австралија Опен на 6-ти јануари допатува во Мелбурн. Тогаш беше веднаш притворен од австралиските имиграциски власти, а судот нареди да биде пуштен на слобода на 10-ти јануари. Потоа во саботата повторно беше приворен.
Адвокатите на Ѓоковиќ вложија жал на примената на дискеционите овластувања на министерот за имиграција Алекс Хок, кој ја укина неговата виза. Министерот рече дека тенисерот би можел да биде „закана за јавниот ред“ бидејќи неговото присуство би можело да поттикне „расположение против вакцинирањето сред најлошиот бран“ на епидемијата на коронавирусот во Австралија.
Ѓоковиќ по одлуката на судот порача дека и исклучително разочаран од одлуката на австралискиот сојузен суд кој му го оневозможи играњето на турникор и останувањето на Австралија.
„Ќе земам извосно време за одмор и закпремнување. Пред повторно да се огласам. Исклучително сум разочаран од одлуката на судит за одбивање на моето барање за преиспитување на одлуката на министерот за откажување на визата, што значу дека не можам да останам во Австралија и да учествувам на Австралија Опен“.
„Ја почитувам одлуката на судот и ќе соработувам со надлежните власти околу моето заминување од земјата“, додаде најдорбиот тенисер на светот.