![avtomobil3-straza-640x480](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/09/avtomobil3-straza-640x480.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Минувачите кај преминот Стража можеа да забележат страшна глетка. Силни пламени јазли во целост уништија автомобили.
Причините за пожарот се уште не се познати, а противпожарната екипа реагираше брзо и спречи проширување на огнот.
Претпладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на Стража, патничко моторно возило Мерцедес со албански регистарски ознаки се запалило. Територијалната против пожарна единица веднаш интервенирала и пожарот е изгаснат, но поради далечината возилото целосно изгорело, дознава Курир.