
Рано утринава автомобил влета во терасата на скопското кафуле Манда на почетокот на булевар „Партизански одреди“ кај семафорите со улицата „Даме Груев“.
Според првичните информации на Страна.мк нема повредени, а е направена само материјална штета.
Во 6 часот и 30 минути маж со црн „пасат“ удрил во ограда од угостителски објект. Возачот излегол од автомобилот и без да погледне што се случило заминал. Колата ја оставил удрена во оградата.
По неколку часа шлеп служба го подигна возилото, а полицијата изврши увид.