
Невремето кое попладнето во сабоата го зафати Скопје направи штета во населбата Козле.
На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од откорнат лимен кров на улицата „Јуриј Гагарин“, каде оштетени се неколку автомобили.
Според последните информации на Центарот за управување со кризи, силна нестабилност попладнево ги зафати и Пелагонија, Велес, Росоман и Градско.
Невремето беше проследено со интензивен пороен дожд и електрични празнења, како и силен ветер.
На метеоролошката станица во Радарскиот центар Тополчани беше региструран удар на ветер од 150 километри на час.
ФОТО:ФЕЈСБУК