Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот дека ураганот Ијан би можел да биде најсмртоносниот ураган во историјата на сојузната држава Флорида, како и дека стравува од голем број мртви.
„Ова би можело да биде најсмртоносниот ураган во историјата на Флорида“, изјави Бајден истакнувајќи дека во моментов таквите бројки не се јасни, но дека добил информации оти би можело да станува збор за значителен број загинати во невремето.
Американскиот претседател се обрати во седиштето на Сојузната агенција за управување со итни ситуации (FEMA), која има задача да им помага на сојузните држави и поединци во кризни ситуации.
Флорида и некои други американски сојузни држави во четвртокот беа погодени од ураганот Ијан. Бајден рече дека сојузната влада целосно ќе ги покрие трошоците за расчистување на урнатините, како и операциите за спасување на Флорида. Додаде дека неговата администрација ќе ги покрие повеќето трошоци за обновување на училиштата и другата јавна инфраструктура која е оштетена од ураганот.
Додека ураганот веќе мина преку Флорида во Атлантикот, разорувањето коешто го остави зад себеси би можело да биде најголемото во историјата на оваа американска сојузна држава, оценуваат медиумите.
Моќниот ураган Ијан нанесе штети со големи размери и речи уништил некои градови на Флорида, а доаѓаат информации за две загинати лица, изјави во четвртокот гувернерот на државата, Рон Десантис.
Ијан налета во средата на копнениот дел на југозападна Флорида со моќност од 4-та од петте категории на Сафир-Симпсоновата скала, за во четвртокот да ослаби до ниво од тропска бура со силен ветер и обилни врнежи, но и натаму има разорна моќ.
Речиси два од 11-те милиони домаќинства на Флорида во четвртокот утрото по локално време се без електрична енергија, повеќето во близина на траекторијата на ураганот, објави специјализираната интернет страница PowerOutage.
Претседателот Џо Бајден прогласи вонредна состојба, а ослабениот Ијан го продолжи патот кон сојузната држава Јужна Каролина.