
Бела жирафа е откриена на северот на Танзанија.
Ваквата боја на кожа на жирафата, која стана главна атракција се должи на депигментацијата.
Како што пренесува „Хафингтон пост“, телото на белата жирафа, именувана како Омо, е прекриено со бледи, сивкасти пеги, а само гривата и е во препознатливата боја.
Омо е единствената позната албино жирафа. Нејзиниот необчен изглед ја чини посебно ранлива, бидејќи би можела да го привлече вниманието на ловокрадците.
Докторот Дерек Ли смета дека животното, кое е старо 15 месеци, претставува воочлив плен за грабливците.
Тој наведува дека Омо е прифатена од останатите „нормални“ жирафи, кои ниту најмалкуне изгледаат загрижено поради нејзиниот изглед.