Беретката со текот на годините стана безвременски моден детал, секогаш давајќи му на стајлингот неодолив француски призвук.
Оваа сезона, беретката е во нов подем, а судејќи по„стрит-стајлот“ на трендсетерките на неодамна одржаната модна недела, француската капа претендира за местото моден хит кој ќе ги одбележи улиците во претстојните сезони.
Сите бои и примероци се прифатливи, а најдобро изгледа како ќе ја поставите асиметрично, така што на главата да не изгледа правилно. Но, колку и да изгледа шик, со изборот на беретка треба да бидете претпазливи за на крајот да не изгледате како аматерски сликар или пантомимичар.