ФОТО| Бесими и Ковачевски се пофалија со “ѓубре“ кредитен рејтинг

Министерот за финансии и неговиот заменик се пофалија дека кредитната агенција „Standard & Poor’s” одредиле ББ- кредитен рејтинг за Македонија, или во превод „ѓубре кредитен рејтинг“ (junk) или „високоризична земја за кредитирање“.

Кредитниот рејтинг ја утврдува способноста на земјата да ги сервисира своите долгови кон кредиторите, ако се земе предвид брутодомашниот производ, степенот на задолженост, како и политиките кои се водат во земјата и нејзината меѓународна позиција.

Согласно овие индикатори нашата земја е оценета како високоризична за инвеститорите од кредитната агенција „Standard & Poor’s”.

Министерот за финансии Бесими и заменик министерот за финансии Ковачевски пак сметаат дека овој резултат на земјата е „потврда за добрите економски политики кои се водат во земјава“.