Народната библиотека на Србија минатиот месец донела одлука Библиотеката на Јосип Броз Тито да се прогласи за културно наследство од големо значење. Овој статус го стекна благодарение на својата културна, научна и историска вредност.
Бројни вредни дела и значаен фонд, кои што се наоѓаат во Библиотеката се дел не само од југословенското, туку и од светското културно наследство.
Оваа богата Библиотека има 11.162 наслови и околу 15.000 книги. Фондот е тематски различен и опфатени се дела од областа на историјата, уметноста, книжевноста, белетристиката, филозофијата, религијата, политиката.
Во Библиотеката може да се сретнат и стари и ретки книги, енциклопедии, речници, лексикони.