
Неколку стотици граѓани се собраа вчера попладне на градскиот плоштад во Охрид за да изразат поддшка на и почит за македонската полиција.
На собирот, кој беше организиран преку социјалните мрежи присуствуваа граѓани од сите генерации, а можеа да се забележат и носители на јавни функции и претставници на локалната самоуправа. На собирот беше присутен и Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.
Насобраните граѓани од охридскиот плоштад со мирен марш се упатија кон крстосницата помеѓу булеварот „Туристичка“ и улицата „Македонски Просветители“, каде што на сообраќаецот кој го регулираше сообраќајот му беше предадено знаме на Република Македонија, со што симболично беше изразена поддршката за полицијата.