Самоубиствен бомбашки напад е извршен денеска врз конвој на НАТО во авганистанскиот главен град Кабул, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи.
Засега нема информации за човечки жртви. Неофицијално, во нападот се повредени најмалку тројца војници.
Нападот бил извршен во југоисточниот дел на Кабул. Засега се уште никој нема преземено одговорност за нападот.
Ова е втор напад врз странски вооружени сили неделава.