Неколку лица се повредени во средата во бомбашки напад на немуслиманските гробипата во Џеда, на западот на Саудиска Арабија во текот на свеченоста на одбележувањето на завршувањето на војната од 11-ти ноември 1918 година, објави франциското министерство за надворешни работи.
Ова е втор на пад врз француски цели во Џеда откако бепе изборен припадник на обезбедувањето на францускиот конзулат во овој саудиски града изведен на 29-ти октомври истовремено кога во Ница беа убиени во базилика три лица, а на 2-ри ноември во Виена во исламистички напад беа убиени четири луѓе.
Нападите се доведуваат во поврзаност со тензиите меѓу ЕУ, во прв ред Франција, и муслиманските земји поради оправдувањето на објавувањето карикатури на пророкот Мухамед, што се смета за богохулие и навреда на муслиманите, а во Европа се смета како темелно право во слободата на истражувањето.
„Во текот на годишното одбележување на Првата светска војна на немуслиманските гробишат во Џеда, на кое учествуваа функционери од неколку конзулати, меѓу кои и францускиот, претпладнето е изведе бомбашки напад при што се повредени неколку лица“, наведе француската дипломатија без дополнителни поединости за идентитетот и националноста на повредените.
„Франција остро го осудува овој подол напад“, додаде министерството за надворешни работи и ги повика саудиските власти да го разјаснат овој инцидент и да и го идентифукуваат и да започнат постапка против сторителот.
Неколку земји во средата ја одбележуваат 102-та годишнина од примирјето склучено меѓу Германија и сојузничките сили со кое завршила Првата светска војна.