ФОТО: Брисел и се закани на Италија со кривична постапка поради лошиот однос кон имигрантите

Европската комисија го осуди ужасниот начин на кој се третирани мигрантите на италијанскиот остров Лампедуза и му се закани на Рим со санкции, соопшти „Ројтерс“.

„Почнавме со истрага врз страшните практики што се применуваат во многу центри за згрижување, вклучувајќи го и овој во Лампедуза и нема да се двоумиме да покренеме прекршочна постапка“, напиша на Твитер, еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малстром.

Реакцијата на Малстром беше предизвикана од кадрите, на кои се гледа како се малтретирани мигранти на островот Лампедуза, прикажани од италијанската државна телевизија „РАИ 2“.

1

Телевизијата емитуваше репортажа во понеделникот, во кој покажа фотографии направени тајно од еден од бегалците. На нив се гледаат мигранти кои стојат во редица потполно голи, за да влезат под туш и да бидат попрскувани со сретство за дезинфицирање.

„Сликите кои ги видовме од центарот за згрижување на Лампедуза, се ужасни и неприфатливи. Нема да се двоумиме и ќе започнеме кривична постапка, за да се увериме дека целосно се почитуваат стандардите и обврските на ЕУ“, додала Малстром.

Еврокомисијата може да започне кривична постапка врз основа на прекршување на правилата на ЕУ, за прифатливи услови во центрите за згрижување, објаснија вработени од институцијата.

Италијанскиот премиер Енрико Лета, ветил дека ќе спроведе темелна истрага за случајот. Градоначалникот на Лампедуза коментирал дека на ова видео бегалските центри личат на концентрационен логор.

2