Во официјална посета на кралицата Елизабета пристигнаа кралот Абдулах II од Јордан и неговата сопруга Ранија.
Во оваа пригода тие позираа во палатата, а фотографиите набрзо завршија на социјалните мрежи, каде јавноста се фокусираше само на еден детал – рацете на кралицата.
Ја сакам кралицата Елизабета и редовно ја следам, но сега сум навистина загрижена. Зошто има голема модринка на левата рака? Дали нешто пропуштив? Сепак, изгледа одлично, гласи еден од коментарите на социјалните мрежи.
Веднаш започнаа да се шират и теории на заговор, но преовладуваат коментарите кои модринката ја оправдуваат со возраста на кралицата.
– Кралицата има 92 години. Во тие години и најмалиот удар може да се претвори во модринка. Во секој случај, изгледа чудесно.
Од Бакингамската палата не дадоа одговор на новинарските прашања како кралицата ја „заработила“ модринката.