Британскиот актер Мајкл Инрајт кој толкуваше неколку помали улоги во холивудски филмови им се придружи на курдските борци кои во Сирија се борат против џијадистите на ИД, пренесува АП.
Инрајт, кој се појави како морнар во едно од продолженијата на филмот „Пиратите од Карибите“ беше снимен на видеото објавено од страна на курдската борбена група, додека се бори против ИД заедно со нив.
Во видеото објавено на Фејсбук страницата на Курдската народна заштитна единица, Инрајт вели дека ИД „е опасна за секое живо битие“.
Тој апелира за оружје и медицинска помош за курдските борци наведувајќи дека тие се негови „хавали“ што на курдски јазик значи другари.