Проучувајќи ги посмртните останки на маж пронајдени во 2017 година во селото Фенстантон во англиската грофовија Кембриџшир, британските научници заклучиле дека тој бил погубен со распнување, што е првиот таков случај во нивните истражувања, пишува Daily Mail.
Станува збор за скелет на човек со раст од 170 сантиметри на 25 до 35-годишна возраст, во чијашто петица бил забиен железен клинец. Радиојаглородното датирање покажало дека починал во периодот меѓу 130 и 337 година по Христа, во текот на владеењето на Римската империја на територијата на современа Англија.
Во близина на останките на човекот, биле пронајдени и фрагменти од дрвена конструкција. Ова откритие, според научнците, е првиот доказ за распнување луѓе во Велика Британија, што бил чест начин на егзекутирање во времето на Римската империја.
„Всушност, ова е првпат да пронајдеме физички докази за распнување во текот на археолошки ископувања“, коментира водачот на истражувањето Дејвид Ингам.
Иако ваквиот вид егзекуција вообичаено се поврзува со христијанството, археолозите не веруваат дека во овоj случај има некаква поврзаност со религиозни причини. Во текот на истражувањето до заклучокот дека станува збор за рон кој не бил распнат на крст, туки на некаква друга конструкција.
Научниците ваквиот заклучок го донеле, откако не пронашле други клинци во скелетот. Покрај тоа, според нив, можно е да имало две даски: на едната бил прикован, а на другата бил врзан.
Според археолозите, шајката која минува низ петицата на жртвата најверојатно била наменета едноставно да го прицврсти робот, но не и да ја одржува неговата тежина. За што мажот бил подложен на ваква казна, научниците сѐ уште не можеле да дознаат.
Во написот на Daily Mail се забележува дека во древниот Рим криминалците, непријателите на власта, пиратите, робовите и другите луѓе со низок стоцијален статус вообичаено било егзекутирани со распнување. Тогашните римски закони, исто така, пропишувале доколку роб го убие својот сопственик, тогаш сите робови на таа личност, вклучително и жените и децата, исто така, морале да бидат погубени.
Распнувањето била главна форма на смртна казна во Римската империја сѐ додека не била забранета во времето на Константин Велики (306-337 н.е.).