![Capture](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/Capture-119.jpg?resize=554%2C537&ssl=1)
Бројките на новозаразените од коронавирусот во земјава подолг период се изразува во трицифрени вредности, но според сѐ изгледа македонските граѓани воопшто не се засегнати од опасноста и претпочитаат летните горештини да ги ублажат на плажите, но без никакви почитување на препораките за носење лична заштите или одржување физичка оддалеченост.
За тоа сведочат и форографиите од познатата охридска плажа Градишта кои денеска до редакцијата ги испрати читател. Очигледно е дека никој на плажа не носи маска, не се почитува дистанцата на суво, а не пак во водата.
Како што може да се забележи и викендов оваа плажа е преполна со капачи, но ниеден од нив не ги почитува препораките за носење заштитена маска, ниту за одржување на физичкото растојание.
Поради рестриктивните мерки во врска со пандемијата на коравирусот кои ги донесоа соседните земји кои се најчеста дестинација за годишните одмори на македонските граѓани, тие ги преплавија домашните туристички центри, но таму воопшто не се почитуваат протоколите, а најмалку на плажите.
Туристичките работници велат дека е тешко спроведувањето на протоколите. Поради тоа, се појавуваат стравувањата дека во периодот кој следува можни се појави на нови „плажа“ кластери на коронавирусот.