(ФОТО) Брус Вилис и со сегашната и со поранешната сопруга во карантин

Семејството на Брус Вилис конечно се обедини откако неговата сопруга Ема Хеминг и нивните ќерки Евелин и Мабел се преселија заедно со поранешната сопруга на Брус, Деми Мур.

Актерот ги помина последните четири недели во карантин со Деми и нивните заеднички ќерки додека Ема беше во Лос Анџелес.

Сопружниците комуницирале преку социјалните мрежи, а Ема често коментирала за фотографиите на профилот на Деми.

Се чини дека ова големо семејство се собрало токму навреме за да го прослават шестиот роденден на Евелин заедно.

Потсетуваме, 28-годишната ќерка на Деми и Брус – Скаут објасни дека поранешните сопружници завршиле заедно во карантин.

„Мојата макеа требаше да дојде тука со моите две малечки сестри, но постарата, која треба да наполни шест години, не знаеше дека не треба да ги допира фрлени игли. Ги пронашла во паркот и се обидела да ги забоде во патика, но таа се прободела во нога“, објасни Скаут.