Гневна британка тетоважата посветена на момчето кое ја оставило ја исекла со скалпел и му ја пратила.
Дваестет и шестгодишната Торз Рејнолдс му се одмаздила на момчето кое ја изневерувало на најможниот морничав начин.
Торз мислела дека нејзиното момче, со кое била во врска две години, Стјуарт„Чопер“ Меј раскинал со неа бидејќи се преселил на Алјаска за да ја работи професијата од соништата.
Таа дури со солзи го испратила на аеродром.
Но, само една недела подоцна, таа ја дознала вистината која и го скршила срцето. Тој не заминал на Алјаска, туку се преселил кај жената со која ја изневерувал во последните шест месеци.
Затоа, тетоважата на нејзината десна подлактица која нему му ја посветила си отсекла со скалпел, а потоа му ја пратила преку пошта. И биле потребни час и половина да ја исече кожата на кое бил врежан неговиот прекар. Потоа, ја ставила во тегла, ја декорирала со машничка и по брза пошта му ја испратила на момчето за кое верувала дека е нејзината сродна душа.
Таа изјавила дека тоа било болно, но чувствува дека со тој ритуал го избришала Чопер од нејзниот живот.