(ФОТО) Бункер од Втората светска војна на аукција во Англија за над половина милион долари

Бункерот со засолниште од нацистичките бомбардирања, изграден во 1941 година, со радарски центар и со 60 одаи на две новоа, е ставен на продажба во грофовијата Девон во југозападна Англија за 400.000 фунти, или за 545.000 американски долари, објави во петокот весникот The Daily Mail.

Воениот објект познат како „Hope Cove“ со површина од над 10.000 квадратни метри, е лоциран во близината на туристичкото место Салкомб и аеродромот на Кралското воено воздухопловство Болт Хед. Тој бил реконструиран во годините на идеолошката Студена војна меѓу Западот и тогашниот Варшавски договор предводен од Советски сојуз и се користел како еден од пунктовите на противвоздушната одбрана за пресретнувањето на советските авиони. Во случај на нуклеарен напад, бункерот требало да биде еден од итните регионални центри на британската влада. Во 1958 година бункерот минал во владение на британското министерство за внатрешни работи.

Портпаролката на компанијата „Emson“, Кети Сименс, изјавила дека оние коишто трагаат по нешто необично сега имаат „прекрасна можност да ја добијат оваа историска страница од Студената војна“. Објектот бил дел од програмата позната како ROTOR на британската влада, „обемен и софистициран радарски систем за противвоздушна одбрана која му овозможувала на Обединетото Кралство да ги открие потенцијалнтие напади на советските бомбардери“, додала.

Наддавањето за бункерот ќе се одржи онлајн на 10-ти февруари во градот Ексете.

Претходно засолниште од бомбардирања, кое можело да издржи атомски удар, беше понудено на продажба во Шкотска. Моќното двокатно засолниште со сите неопходни комуниканциски системи било изградено во 1941 година и можело да издржи директен удар од тогаш најразорните бомби. Во екот на Студената војна овој подземен бункер на истокот од најголемиот град на истокот на земјата Инвернес бил модернизиран за заштита од напад со нуклеарно, биолошко и хемиско оружје. Бил предвиден во случај на нуклеарен напад да биде регионален центар од каде ќе дејствува покраинската влада.