Јована (33) и Жељко Јоксимовиќ (42) во брак се речиси две години, но во неделата одлучија да се венчаат во црквата Св. Александар Невски во Белград.
Водителката која не ја тргна насмевката од себе, блексаше во долга бела венчаница со вел, кој ја креираше Дарко Костиќ.
Најважен гостин беше нивниот четиримесечен син Коста, кој во црквата го внесе Жељко, а во прегратките на неговата мајка се најде кога церемонијата заврши. Ова беше првпат тие го да покажат синот на новинарите.Пред црквата најпрво пристигнале кумовите, но и семејствата на младенците.
По церемонијата, младоженците излегле на споредниот влез на црквата и заминале во ресторан каде што на веселбата ги пречекале сватовите.
„Мислам дека Јована и Жељко ова го организираа за добро да си поминат со своите пријатели. Ќе им посакам се најдобро, но зошто и да не запеам,“ изјавила Цеца пред влезот во ресторанот.
Меѓу гостите биле Лепа Брена, Јелена Томашевиќ, Иван Босиљчиќ, Чедомир Јовановиќ, Драган Бјелогрлиќ.