ВИДЕО/ФОТО: Целосно изгоре станот во Центар, во опасност и други станови

Станот во кој што денеска претпладне изби голем пожар е речиси целосно уништен, покрај брзата интервенција на пожарникарите и нивните обиди да спречат ширење на пламените јазици.

Пожарот во станот во зградата на улицата Велко Влаховиќ, во кој живееле четворица возрасни и две малолетни деца, избил околу 11 часот додека во домот била присутна само една од жените.

Еден од жителите на зградата раскажа на кратко што се случувало во моментот кога избил пожарот.

image-63bbe12e8d1dabaf1101ec030c0ecdafafeb23dd398316adf78ba4f9e2b93045-V

„Слушнавме како комшиите викаат пожар, пожар и веднаш сите истрчаме нагоре. Зедовме противпожарни апарати и црвена да го изгаснеме пожарот кој што уште тогаш се ширеше со голема брзина, но не успеавме“, раскажува Благоја, кој живее во стан на првиот кат.

Жител на зградата чиј стан се наоѓа веднаш над станот што гори стравува дека пламените јазици го зафатиле и неговиот дом. Тој вели дека кога го забележал пожарот прво и помогнал на сопругата да ја напушти зградата, а потоа им помагал и на останатите станари. Во паника и страв, станарот рече дека пожарникарите го избракале надвор од зградата кога пристигнале да интервенираат и во овој момент не знае што се случува со неговиот стан, дали и тој е во пламен.

image-ab2bbebe625b4e9c45f60dac618d9423581c08f6edd3c31a9544fa2af4f982a0-V

Станот на шестчленото семејство пред околу една година бил опожарен, но тогаш избил мал пожар кој што брзо бил изгаснат и не предизвикал голема штета.

Причините за пожарот засега не се познати, но првичните сомнежи се насочени кон дефект во електричната инсталација.