Неколкумина Палестинци сопствениот начин на тагување за мртвите го нашле во цртањето на слики кои тие ги гледаат во чадот кој се издига над градовите од израелските ракетни напади.
Сликите кои тие ги гледаат во овие насилни облаци од чад се обликувани од нивното искуство во Палестина- тие се полни со метафоричност која обично се поврзува со бунт, отпор и тага.
Нас ни преостанува само да се надеваме дека конфликтот меѓу двете страни ќе заврши што побрзо и дека повеќе нема да има жртви, особено не цивилни.