ФОТО| Чешка ги санира последиците од смртоносното торнадо

Чешките власти во петокот го започнаа големото расчистување на теренот по силното невреме со торнадо коешто претходно седмицава ја погоди оваа централноевропска земја.

Војници и пожарникари во саботата ги отстрануваат автомобилите и возилата уништени во торнадото, а градежни инженери проверуваат кои објекти треба да бидат урнати поради опасност од стихијно уривање поради оштетувањата. Стотици згради се делумно или целосно разорени во седум градови на југот од регионот Моравија.

Засега се верува дека под урнатините нема луѓе. Во невремето проследено со бура и силни ветришта, загинале пет луѓе, а околу двесте се повредени.

Според извештајот на чешкиот јавен телевизиски сервис, меѓу загинатите е и бремена жена од соседна Словачкa, чие неродено дете исто така починало.

Според процените на метеоролошката служба, тирнадото оставило зад себе 500 метри широк и 26 километри долг појас на уништувањата

Министерството за регионален развој објави дека ќе издвои 16 милиони евра како итна помош за санирање на последиците. Премиерот Андреј Бабиш, исто така, планира издојување средствата од фондот за солидарност на ЕУ, за помош по големите природни катастрофи.

Хуманитарните организации за многу кусо време од приватни донатори веќе добија 6 милиони евра за жртвите од торнадото.